„Очајна е тактиката на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, дознале информации за актуелна истрага за незаконитости кои ги открила УЈП и со шпекулации се мачат да ја претстават како афера.

Нема афера туку утврдено незаконско работење кое УЈП го откrила уште во јуни 2021 година и сите документи, докази и материјали се доставени до надлежни институции. Предметот е веќе во предистражна постапка.

ВМРО-ДПМНЕ на овој начин прави штета на самата постапка и се обидува да го поткопа функционирањето на институциите. Но, и тоа нема да успее“, се вели во соопштението на СДСМ.