Мицкоски од време на опозиција не го познава Мицкоски од власта, велат од СДСМ.
Во интервју за Сител Телевизија на 17.08.2023 година, Мицкоски ќе вети пред граѓаните дека ќе ги ревидира и ќе ги намали платите на фунционерите доколку граѓаните му да ја дададат довербата, за што ќе предложат и конкретен закон.
Еве Мицкоски е премиер, поминаа 4 месеци како ја предводи Владата, нема ниту збор за ветеното намалување и ревизија на платите на функционерите.
СДСМ очекува Мицкоски да го исполни ветувањето за намалување и ревизија на платите на функционерите, порачаа денеска од СДСМ.