„Огромен е стравот во опозициската ВМРО-ДПМНЕ од претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Затоа, од белиот дворец секојдневно конструираат измислици и шират лажни вести за неосновано да го напаѓаат претседателот Ковачевски.

На сите објавени биографии и резимеа на претседателот Ковачевски, достапни за целата јавност на интернет, јасно пишува каде студирал, магистрирал и докторирал.

Но тоа не ги спречува ВМРО-ДПМНЕ секојдневно да шират лажни вести во обид за дискредитација на Ковачевски, до што на виделина го покажуваат стравот кој владее во нивните редови“, стои во соопштението на СДСМ.