Под мотото „Да му помогнеме на Дејан Наумовки- Зикер!“ СДСМ организира хуманитарна забава на 11 февруари во 20:00 часот во Mosh bar food.
-Во кутиите за донација ќе можете да дадете свој придонес за лекувањето на Дејан, кој боледува од редок тумор на THYMUS жлездата е по втор пат на лекување во Турција. Финансиските средства коишто му беа потребни за лекувањето и за понатамошна рехабилитација беа превисоки за неговото семејство, и поради тоа беа принудени да ја стават за продажба нивната семејна куќа во Ѓорче Петров. Меѓутоа, дури и собраните пари од пораки и хуманитарни настани не беа доволни, информираат од СДСМ.
-Но, како овој проблем да не беше доволен, па пред неколку дена семејната куќа што ја ставија на продажба им изгоре во пожар до темел. Затоа ЛК СДММ Центар заедно со ОО СДСМ Центар, Претседателот Горан Герасимовски и Саша Богдановиќ Ве повикуваме заедно да му помогнеме на Дејан Наумовски – Зикер! Бидете дел од овој настан, добредојдени се сите оние кои со отворено срце ќе ја покажат својата хуманост на дело, порачуваат организаторите,
На хуманитарната забава ќе имате можност да дадете свој придонес во собирање на средствата со секоја купена пијачка и исто така со донации во поставените кутии за донација.
Донации се собираат и на следните броеви:
Телеком: 143 122
А1: 143 468
Исто така средствата можете да ги донирате на:
жиро сметка: 210501600939459 Љубе Наумовски
Name: Ljube Naumovski
Adress: Ul. Crnogorska br.28A Skopje-Gjorce Petrov
IBAN CODE: MK07210501600939459
Bank Name: NLB Banka AD Skopje
Bank Adress: Majka Tereza br.1
Country: Makedonija
SWIFT: TUTNMK22