Паднаа во вода сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, со кои со месеци ги вознемируваа граѓаните и се обидуваа да создадат нови поделби, порачаа денеска од СДСМ.

Со усвоените Препораки на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања стана јасно дека во нив нема ништо спорно, затскриено, нема никакво бришење или менување на историјата по бугарски терк, како што лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Усвоените препораки за одредени учебници во основното образование се на база на реципроцитет и ќе бидат доставени и до македонската но и до бугарската влада.
Ова ги демантира грубите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и покажува дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сакаат да го нарушат процесот на решавање на отворените прашања со Бугарија.
За разлика од таквиот однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ продолжува да бара решенија за отворените прашања, при тоа заштитувајќи ги македонскиот идентитет, македонската историја и самобитност, се вели во соопштението од СДСМ.