16 kongres na VMRO DPMNE za izbor na nov lider na partijata glasanje kandidat Hristijan Mickoski

Објавите на социјалните медиуми на осудениот бегалец во Будимпешта, Никола Груевски покажуваат дека зад утрешните протести за одбрана на насилството, зад обидите за државен удар, зад одбрана на обидите за убиство на пратеници, новинари и вработени во Собранието, стои токму тој, посочуваат од СДСМ.

Утрешните протести во организација на ВМРО-ДПМНЕ за одбрана на осудени лица за тероризам покажуваат дека Христијан Мицкоски е само потрчко, извршител на желбите на Груевски.

Откако му пропаднаа сите обиди да го одбрани криминалот, на Мицкоски не му преостана ништо друго освен да ги извршува нарачките од неговиот ментор во бегство во Будимпешта.

И покрај шесте порази на избори, Мицкоски не ја научи лекцијата, не сфати дека народот не сака политичари кои се на браникот на криминалот, дека народот не дава доверба на политичари кои работат на штета на граѓаните и државата. – стои во најновото соопштение од СДСМ.

Токму затоа Мицкоски шест пати е поразуван на избори и токму затоа уште долго ќе биде во опозиција. – велат од партијата.