„Влегуваме во фаза која според експертите е оценета како критична, но и клучна фаза во борбата против коронавирусот во нашата држава.
Со оглед на тоа дека пред нас е периодот во кој се очекува пикот на ширење на вирусот, оттука и нужноста од уште поголема одговорност од сите нас, во насока на заштита на нашето здравје и целосно почитување на мерките и задолженијата од институциите.
Во таа насока се и засилените мерки на Владата како забраната за движење на граѓаните од 16 до 5 часот следниот ден и целосна забрана за движење за време на викендите.
Истовремено, додека се бориме со здравствените предизвици, се справуваме и со негативните економски последици од коронавирусот.
Државата обезбеди пакет економски мерки од 200 милиони евра, помош која опфаќа 250.000 вработени и 35.000 компании. За секој работник во фирмите коишто се погодени со кризата, плата од 14.500 денари плата.
Со цел полесно справување со кризата за граѓаните се обезбеди одложување на наплата на кредити, стопирање на извршителските дејности,но и кратење на непродуктивни трошоци, и намалување на платите на избраните и именувани функционери.
Мерките и политиките на СДСМ во изминатите две и пол години беа насочени кон создадавање на систем кој работи за граѓаните. Во духот на солидарноста, државата излегува во пресрет на сите погодени од кризата.
Затоа што само заедно, солидарно и одговорно можеме да победиме во борбата со коронавирусот и неговите последици.
Продолжуваме да се грижиме за нашето здравје, здравјето на сите граѓани и меѓусебно да си помагаме. Затоа што сите граѓани се важни!“, стои во соопштението на СДСМ.