„Денеска, ден по протестот на ВМРО-ДПМНЕ против правдата се јави нарачателот на маршот, вистинскиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Шефот на Мицкоски практично потврдува дека тој стои зад целата операција во Скопје за крвавиот 27-ми април.

Мицкоски не може да излезе од контролата на Груевски ниту да донесе автономни одлуки одлуки. Тој е извршител на вистинскиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Главна задача му е да обезбеди амнестија за него, но тоа нема да се случи, следува одговорност.

Не успеаја нарачките од Будимпешта по секоја цена да се блокира и опструира Законот за Јавно обвинителство во обвинителство, донесен со двотретинско мнозинство и поддржан од ЕУ, САД, од демократскиот свет.

Законот е најголема закана за извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски. Со Законот за ЈО поставени се темелите на правната држава, секој што се огрешил да одговара пред законите“, стои во соопштението на СДСМ .