СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија се вклучува во нашата голема акција за збогатување на шумскиот фонд и дава свој придонес. Со партиските другари засадуваме површина од 2 хектари со 5.000 садници бор и багрем во Нов Истевник , делчевско.
Оваа година како министерство имаме за цел пошумување на 400 хектари во 19 региони на 36 локации низ државата засадувајќи 1.200.000 садници.
Градиме здрава иднина за новите генерации!
ФБ став на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски