„По една година локална и градска власт на ВМРО-ДПМНЕ, Град Скопје е во целосен хаос.

Повеќе од една година не само што нема нови проекти, туку Град Скопје не може да ги сервисира ниту основните услуги.

За првпат во историјата, граѓаните на Град Скопје останаа без јавен превоз, а поради тендери и провизии, поради бизнис интереси на Христијан Мицоски и поединци од ВМРО-ДПМНЕ, скопјани цела недела живеат во блокиран град.

Приватните превозници не возат, ЈСП тоне во долгови, а тешка е состојбата и во други јавни градски претпријатија.

Одговорноста за катастрофата што му се случува на Скопје е единствено во неспособноста на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ има градоначалничка, претседател и мнозинство во Советот и најголем дел од членовите на Управните одбори на јавните претпријатија.

Една година им требаше на шпицниот градоначалник Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, да го заглават како што претходно 11 година ја заглавија државата“, стои во соопштението на СДСМ.