Христијан Мицкоски чувствува одговорност само за спас на криминалците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ предводени од неговиот ментор во Будимешта, Никола Груевски, порачуваат од СДСМ.

За Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одговорноста за државните интереси и интересите на граѓаните се непозната категорија.

Единствената агенда на делување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е обнова на режимот. Затоа се против Законот за Јавно обвинителство, против Законот за одбрана кој е клучен за НАТО, затоа нивните министриво преодната влада ги наполнија кабинетите со кадри излезени од груевизмот. Затоа се закануваат дека ќе го уништат Договорот од Преспа и со тоа го загрозуваат членството во НАТО и интеграцијата во ЕУ.

Изолација, деструкција, обнова на режимот, дејствување против граѓаните, тоа е понудата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Со таква понуда ги очекува нов пораз на 12 април кога граѓаните ќе потврдат дека сме на вистинскиот пат и ќе порачаат режим – никогаш повеќе, велат од СДСМ.