„За неколку месеци државата се претвори во Див Запад, небезбедно место каде сред бел ден се случуваат убиства во центарот на главниот град. Од вчера сме познати во регионалните медиуми по ништо друго освен по убиства и ова е состојба која е резултат на неспособноста на МВР и Тошковски“, кажа Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Веќе 8 убиства или обиди за убиства се случија откако е Тошковски министер а има разрешница само на едно. Ова ги охрабрува насилниците кога знаат дека нема ефективни истраги.

ВМРО-ДПМНЕ наместо да манипулира и ја префрла вината кај СДСМ, да го смени Тошковски кој потфрли во секој поглед и да ги заузда криминалците и насилниците кои добија сила откако е ВМРО-ДПМНЕ власт“, одговори Кузеска на новинарското прашање.