Се интензивира кампањата за парламентарните избори на 15 јули. Носителите на кандидатските листи и денеска ќе го продолжат претставувањето на собири и средби со граѓаните, на социјалните мрежи и на електронските медиуми.

Караванот на коалицијата „Можеме“ денеска ќе биде во Струга (19:00) и во Берово (20:30). 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денека ќе замине во посета на Пласница (17:00), ќе одржи митинг во Македонски Брод (18:30) и посета на Кичево (20:30).