Изборната кампања продолжува. Носителите на кандидатските листи го продолжуваат претставувањето пред граѓаните на мини собири и средби со граѓаните, како и на социјалните мрежи и на електронските медиуми.

Караванот на Коалицијата „Можеме“ денеска ќе одржи трибина во Велес и Гостивар.

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ денеска ќе се претстават во Конче, Радовиш и Струмица.