„Најдобрата помош што може да ја даде ВМРО-ДПМНЕ е да престане да шири и предизвикува неоснован страв и паника меѓу граѓаните.
Ситуацијата е под контрола, откако вчера беше потврден првиот случај на лице заразено со корона вирус во земјата, институциите се подготвени за брза реакција и ги презмеаат сите неопходни мерки согласно меѓународните протоколи.
Додека сите институции се ставени во функција за справување со Ковид-19 вирусот, ВМРО-ДПМНЕ во препознатлив стил се обидува преку лаги и конструкции да добие ситно дневно политички поени.
Граѓаните, вклучувајќи го тука ВМРО-ДПМНЕ треба да ги почитуваат препораките на министерството за здравство, да се однесуваат одговорно и да не шират дефетизам и паника“, се вели во соопштението на СДСМ.