„Фактите се јасни и непобитни, затоа ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски денеска индиректно признаа дека ја зголемија цената на струјата за 100 отсто

За илустрација, киловат електрична енергија, во 2006, годината кога ВМРО-ДПМНЕ ја презема власта изнесувала 2.95 денари по киловат час.

Во 2017 кога ВМРО-ДПМНЕ оди во опозиција, цената на киловат час изнесува 4.95 денари што е речиси 100 отсто зголемување.

Тоа е учиникот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во енергетиката, 100 отсто поскапа струја за граѓаните и укината евтина дневна тарифа“, стои во соопштението на СДСМ.
sdsm
sdsm1