Наместо, во време на сериозна криза да застане на страната на граѓаните и нивното здравје, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски шират лажни вести и го користи моментот за партиска и лична промоција, стои во соопштението од СДСМ.

Прво се потсмеваа со кризата, потоа лажеа и ги плашеа граѓаните дека здравствениот систем не е подготвен за кризата и дека има само 100 тестови за вирусот, а вистина е дека се направени илјадници тестови.

ВМРО-ДПМНЕ лажеше дека имало 140.000 граѓани кои останале без работа и неосновано ширеше паника. Вистина е дека без работен ангажман останале околу 8.000 вработени.

Со вакви лаги и деструктивно, неодговорно и несолидарно однесување ВМРО-ДПМНЕ сам си го трасира патот до пораз на изборите.

Граѓаните  знаат дека СДСМ вистински и посветено се грижи за нивното здравје и за иднината на државата, порачаа од СДСМ.