Прес-конференција, Стефан Васев од СДСМ

Почитувани,

ВМРОДПМНЕ е партија со долг од 8 милиони евра, а Христијан Мицкоски е стечаен управник на најнедомаќинската и најрасипничката партија.

11 години ВМРО-ДПМНЕ, предводена од диригентот Никола Груевски и извршителот Мицкоски ја пустошеше државата, ги задолжи и ги крадеше граѓаните.

За време на режимот бруто надворешниот долг на државава се зголеми за над 5 милијарди евра, од 2,5 милијарди евра во 2006 година на 7,7 милијарди евра во првиот квартал од 2017 година.

Во истиот тој период, додека граѓаните идржавата осиромашуваа, ВМРО-ДПМНЕ изгради луксузен дворец, симбол на нивниот криминал и корупција.

Сегаистата таа партија има долг од 8 милиони евра од кој, според сопствено признание голем дел е направен токму за време на претходното раковдоство.

Замислете, што би се случило кога овие недомаќини и расипници, извршителот Мицкоски и Груевски повторно би се доближиле до државниот буџет?!

Колку нови милијарди евра би ја задолжиле државата за нивните криминални проекти?

Затоа граѓаните на 12 април нема да дозволат Груевски и Мицкоски повторно да ја задолжуваат и ограбуваат на државата.

На 12 април граѓаните гласно ќе порачаат: режим и криминал никогаш повеќе!