На опозицијата во Белата палата и пречи што оваа влада води неселективна и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, па затоа прави неосновани конструкции шири лажни вести и шпекулации. – велат од СДСМ.

Со недели ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести и измислици околу турскиот државјанин Седат Пекер но тоа не го сокрива фактот дека токму оваа партија е единствена на браникот на криминалот.

Институциите предводени од СДСМ неселективно и бескомпромисно се борат против корупцијата и организираниот криминал во државата и градат општество во кое правдата е еднаква за сите, во кое нема недопирливи и сите што го прекршиле законот ќе одговараат.

Очајни што не успеваат да го одбранат криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и избезумени од последователните порази на сите избори, губитникот Мицкоски и неговите соработници не знаат што друго да прават, освен да шират лажни вести во кои никој не верува.

Затоа шест пати по ред губат на избори, затоа уште долго ќе останат во опозиција. – порачуваат од СДСМ.