„ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш застана на страната на криминалот и криминалците.

Нивниот портпарол јавно на прес-конференција се обиде да осуети и деконспирира полициска акција за апсење на наркодилери од Битола.

Како што објави и Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден, припадници на единицата „Тигар“ и припадници на СВР Битола вчера уапсиле две лица од Битола кај кои пронашле хероин.

Со ваквите потези, со јавно објавување фотографии и имиња на вработени во МВР, ВМРО-ДПМНЕ се стави во директна одбрана на наркодилери од Битола.

Додека полицијата апси и се бори против криминалот, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да саботира полициски акции и да брани криминалци, при тоа врзувајќи ги со дневна политика во страв од извесниот пораз што ги чека во недела.

Јасна е спрегата на ВМРО-ДПМНЕ и криминалците во државата, тоа го знаат и граѓаните, затоа во недела ги чека нов убедлив пораз на избори“, стои во соопштението на СДСМ.