“Ниту еден конструиран случај него покрива фактот дека ВМРО-ДПМНЕ освен одбрана на криминалот, обнова на режимот и лажни вести, не може да понуди ништо што е во интерес на граѓаните.
Ништо не го менува фактот дека токму ВМРО-ДПМНЕ го донесе Законот за опојни дроги за кој денеска лажно обвинува, бранителката на обвинети за 27 април, бранителка на режимската влада на Груевски.
За него гласале и Антонио Милошоски, Димитар Стевананџија и Владимир Ѓорчев, гласните пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Неоснованите, паушални обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ не можат да го сокријат стравот во опозициската партија од извесниот пораз на изборите. Затоа имаат потреба секојдневно да измислуваат и конструираат случаи.
Граѓаните го знаат тоа и затоа на 12 април ќе порачаат режим – никогаш повеќе!” – реагираат од СДСМ.