„11 години ВМРО-ДПМНЕ ја држеше државата меѓународно изолирана, скарана со соседите и поделена внатре.

Како опозиција, антиевропското ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски прави се за да ги закочи и опструира реформите важни за европскиот напредок, а оваа партија дури не смогна сили ниту да честита за приемот на Северна Македонија како 30 земја членка на НАТО.

ВМРО-ДПМНЕ ниту може ниту сака да понуди европска иднина. Европска иднина не можат да понудат оние кои сакаат да се вратат во режимското минато.

Токму поради ваквото незрело, неодговорно, деструктивно однесување Мицкоски во континуитет доживува низа порази од граѓаните.

Нивните деструкции одново ќе бидат поразени на локалните избори на 17 октомври.

Граѓаните препознаваат дека СДСМ вистински се грижи за националните и државните интереси.

Со СДСМ продолжуваат реформите важни за европската перспектива, продолжува грижата за државните и националните интереси“, се вели во соопштението на СДСМ.