„ВМРО – ДПМНЕ во нивни познат стил, немаат ниту план , ниту програма ,немаат што да им понудат на граѓаните. А кога ќе излезат со нешто , повторно не е нивно туку копираат идејни решенија на СДСМ.
Пред само два дена, претседателот на СДСМ Зоран Заев на средба во Регионалната стопанската комора во Прилеп, зборуваше за автопатскотоповрзување на Битола.
И не само тоа, Заев најави и дека идејното решение за автопатското поврзување на потег Велес -Прилеп -Битола е веќе изготвено.
Имајќи во предвид дека источна Македонија е автопатски решена, западна Македонија се финишира сопатот Кичево –Охрид, продолжувапроширувањето Кичево -Гостивар иостанува централниот дел на нашата држава кој не е важен само за Прилеп, важен е и за Скопје, Велес, Битола, Ресен и Охрид.
Бесмислено и непромислено е од страна на ВМРО-ДПМНЕ да излегуваат со идејни решенија веќе објавени во јавноста претходно од страна на СДСМ.
Наместо да копираат, ВМРО-ДПМНЕ ако веќе сакаат нешто да им понудат на граѓаните, нека биде тоа нешто нивно.
Но, освен одбрана на криминалот направен за нивното режимско владеење од страна на нивниот шеф Груевски,немаат што друго да понудат.
Затоа пак, СДСМ за само 2.5 години на власт изгради и рехабилитираше 750 километри патишта, го заврши автопатот Миладиновци – Штип и ги разреши сите недостатоци. Откочена е и изградбата на автопатот до Охрид, каде се поправија исто сите грешки и дупки во проектот.
Нема пат во земјава којшто не е обновен или веќе во фаза на обнова.
За само 2,5 години се изградија 400 километри канализации и водоводи.
Додека ВМРО-ДПМНЕ 11 години грабаше од џебот на граѓаните, СДСМ гради патишта, водоводи, канализации, се што е потребно за граѓаните.
Затоа на 12 април граѓаните ќе го казнат ВМРО-ДПМНЕ, и ќе порачаат режим- никогаш повеќе“, се вели во соопштението на СДСМ!