Опозицијата во Собранието со месеци блокира и опструира важни закони од интерес на граѓаните.

Како последица на неодговорниот, нечесен и политикантски однос на пратениците од опозицијата во Собранието закочени се закони кои го подобруваат стандардот на граѓаните во државата, велат од СДСМ.

Зголемено и стабилно парламентарно мнозинство предводено од СДСМ ќе стави крај на овие блокади и ќе ги донесе законите заглавени во собраниските процедури.

Тука спаѓаат измените со кои недела станува неработен ден за 92 отсто од сите вработени, како и законските измени со кои минималната плата ќе се зголеми на 18.000 денари.

Ќе се отстранат и блокадите на законските измени со кои 4.700 наставници и стручни соработници во основното и средното образование ќе добијат решение за трајно вработување со што ќе стенат правна и економска сигурност.

Стабилно парламентарно мнозинство предводено од СДСМ ќе го донесе и предлог Законот за отпис на камати на долгови, со што на над 150.000 граѓани ќе им се помогне да го решат проблемот со задоцнетото плаќање на долговите кон јавните и државни претпријатија.

Носењето на овие закони, како и други измени и дополнувања на законите ќе значат поквалитетен живот на граѓаните и забрзан реформски процес во државата, порачуваат од партијата.

Време е за одговорност и работа во интерес на граѓаните, време е за ефикасно справување предизвиците пред нас како пандемијата, енергетската криза и секако продолжување по евро-атланстскиот пат на државата.

СДСМ како одговорна и државотворна партија останува на страна на интересите на граѓаните, на интересите на државата, се наведува со партиското соопштение.