Момчето убиец Коста Кецмановиќ денеска во судница за прв пат одговори на прашањето кое година ипол ги мачи родителите на убиените деца, а тоа е зошто ги убил своите врсници.

– Се чувствував отфрлен и затоа го направив тоа. На 3 мај донесов пиштол за да го направам тоа, но не бев до крај сигурен дека ќе пукам – изјавил Коста Кецмановиќ.

Како што ексклузивно дознава српска Република, Коста Кецмановиќ на прашањата одговарал со пауза од една до две минути.

Српските медиуми известуваат за напнатото прво рочиште каде момчето убиец се јавува како специјален сведок во случајот против неговите родители. Тој утринава под посебни мерки беше донесен во судницата, а сведочи под затемнето непробојно стакло во самата просторија.

Според срспки Мондо, дел од родителите на жртвите на кратко излегле од судницата, но откако си дошле на себе се вратиле да продолжат да го следат рочиштето.

Коста К. се согласи да одговара на прашања, а родителите на жртвите веќе подготвиле повеќе од 250 прашања во случај тој да се согласи да сведочи.