Поранешниот премиер Никола Груевски кој сега е азилант-бегалец во Будимпешта се јави на Фејсбук со порака и честитки за влегувањето на Македонија во НАТО, како и постигнатиот успех во преговорите со Европската унија.

„Честитки за граѓаните на Македонија за членството во НАТО и одлуката за почеток на преговори за членство во ЕУ. И двете се децениска волја, работа и стремеж на мнозинството граѓани на Македонија и на сите поголеми политички партии. Одамна ги заслуживме, неправедно ни беа ускратени и ова е одлично за Македонија. Ќе помогне многу во иднина. Таму ни е местото“, напиша Груевски на Фејсбук.

Груевски додава дека за жал овие вести дојдоа во време кога не може да се радуваме, но се надева дека се ова ќе помине.