На изборите на 15 јули, среда ќе учествува ВМРО-ДПМНЕ и заедно со народот ќе го победи изворот на кризата Зоран Заев и СДСМ, напиша лидерот на опозцијата Хрстијан Мицкоски на својот ФБ профил.

Двата услови кои ги баравме се прифатени, прво протоколи за заштита на здравјето на граѓаните, второ мисија на ОБСЕ и ОДИХР за заштита на волјата на граѓаните.

Македонија се наоѓа во лоша состојба, силно нападната покрај економска и со силна здравствена криза. За да сето ова престане еден е излезот, а тоа е убедлив пораз на Заев и СДСМ, пишува Мицкски.

Одговорот е кај народот, а тој ќе покаже дека Македонија е посилна од нив! – стои во објавата на Мицкоски.