Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за МИА изјави дека нема ништо криминално во разговорот што денеска е објавен на интернет во којшто се имплицира дека тој се среќавал со бизнисменот Орце Камчев, осомничен во случајот империја додека тој бил под ПИ – мерки.

За него, како што вели, е чудно што објавувањето на овој приватен разговор доаѓа само ден откако еден од адвокатите во случајот „Рекет“ пријави закани за ликвцидација на неговиот клиент.

– Тоа е истиот оној разговор што веќе беше објавен. Претпоставувам дека има уште еден дел што не верувам дека им одговара да го објават. Уште ова е тоа што излезе. Таму нема ништо криминално, нема ништо инкриминирачки. Ете ниски страсти, еден приватен разговор. Да, сум бил во болницата, и деновиве одам во болница, да не се мачат да пуштат разговори бидејќи таму е мојата мајка, ја посетувам, така што нека снимаат тие, нека следат, изјави денеска Мицкоски во интервју за МИА што ќе биде објавено во недела.

Мискоски тврди дека е цел на следење, на снимање, и за себе вели дека е „трофеј“ за поедини структури.