Во местото Бад Завештајн во близината на Штутгарт, исчезна Македонката Наташа Совраноски.

Совраноски последен пат била видена на 2 септември во 20:15 часот во Бад Тејнах-Завелштејн (Bad Teinach -Zavelstein), и од тогаш и се губи секаква трага.

Нашата е висока околу 180 сантиметри, со темно кафеава боја на косата, и браун боја на очите. Има тетоважа на подлактицата. Последен пат носела црна маица со црни панталони и црни патики.

На фејсбук страницата на групата Македонци во Германија се препорачува секој кој има било каква информација или може да помогне да ја контактира локалната полиција или на телефон: +49 1573 4580153.