Раководството на политичката партија Движење Беса, чијшто лидер денеска потпиша договор за предизборна коалиција со СДСМ, сѐ уште не го прецизирале бројот на пратеничките кандидати, вели во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат, претставникот од партијата, Блерим Сејдиу.

„Не сме стигнале сѐ уште кај бројките бидејќи со партнерот дискутиравме за принципиелни прашања. Треба да се договориме за принципиелните и концептуалните прашања, дали можеме да им помогнеме на граѓаните на Македонија без исклучок, а другиот дел е помалку важен. Ние сме докажале и порано дека не сме многу по бројките и функциите бидејќи знаеме дека во Македонија имало партии…на пример ДУИ, имаше 20 пратеници, но го имаше нај- поразителниот период особено кај албанскиот блок. Не е сѐ до бројките“, вели Сејдиу.