Блерим Сејдиу од коалицијата „Вреди“ денеска во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 изјави дека е убеден дека владата на ВМРО-ДПМНЕ-Вреди ќе ги спроведе уставните измени.

Сејдиу рече дека тоа ќе се случи по формирањето на Владата.

„Уставните измени дефинитивно ќе се случат, тоа значи дека нема шанси да не се случат. Таа работа е завршена и договорена, има договор за тој дел“, нагласи Сејдиу.