-Ако направите една паралела, ќе видите дека принципите на работа на лекар и принципите на работа на советник во основа се истите. Како лекар секојдневно се среќавам со пациенти и ги слушам и решавам нивните здравствени проблеми. Многу често покрај здравствените проблеми тие ги споделуваат и проблемите во нивните семејства и средината во која живеат. Ако најпрво ги слушаме луѓето и ги разбереме нивните проблеми, можеме понатаму да ја насочиме нашата енергија кон решавање на истите, вели  д-р Софија Пејкова, директорка на Клиниката за пластична хирургија, која на претстојните локални избори влегува во политичките води како носител на советничката листа на СДСМ за Град Скопје во интервју за Фактор.

– Мојата прва и основна дејност е хирургијата. Јас секогаш најпрво ќе бидам лекар, а потоа се друго. Секогаш ќе бидам тука за моите пациенти, и во амбуланта, и во операциона сала, а се разбира и на моите 24 часовни дежурства. Кога се работи посветено и одговорно има време за сѐ, вели таа.

Целото интервју на следниов ЛИНК.