Со цел за подобро и ефикасно функционирање на Локалната Самоуправа и континуирана и навремена комуникација со граѓаните, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски ја информира јавноста, дека приемниот ден за средби, консултации, информации и запознавање со проблеми, потреби кои ги имаат граѓаните, но и различните идеи, предлози и сугестии од кои би можеле да произлезат идните приоритети на локалната самоуправа, ќе се реализираат во мала сала при Општина Крива Паланка, секој работен ден од 08.00 – 11.00 часот.
Градоначалникот, ќе биде достапен за граѓаните и за време на викендот, а средбите ќе се одвиваат секоја Сабота, исто така во малата сала при Општина Крива Паланка во периодот од 09.00 – 11.00 часот.
Од локалната самоупрва апелираат до сите кои ќе остваруваат средба со градоначалникот Сашко Митовски да ги почитуваат пропишаните здравствени мерки од корона вирусот.
Во случај на итност и неодложност и други оправдани причини, странката може да оствари состанок со надлежниот службеник секој ден од понеделник до петок во текот на целото работно време од 07.30. до 15.30.
Паузата службениците ја користат во периодот од 10.30 до 11.оо часот.
Можно е да е слика од текст кој вели „приемен ден co градоначалник на општина крива ΠΑΛΑΗΚΑ сашко митовски CEKOJ работен ден од 08:00 до 10:00 часот и сабота од 09:00 до 11:00 часот BO мала сала при општина крива паланка“