„Слободен печат“ од партиски извори дознава дека на седница на 25 декември оставка ќе понуди и лидерот на партијата АА, Зијадин Села, но не се знае дали ќе биде прифатена од партиските структури.

– Господин Села е принципиелен. И во 2020 година, по парламентарните избори, на партиските структури им понуди оставка, но не беше прифатена. И овој пат мислам дека ќе го направи истото, но не се знае дали ќе биде прифатена – вели извор за Слободен печат.

И Таравари смета дека Села треба да продолжи како лидер на АА, но додава дека Конгресот е отворен и секој може да се кандидира за претседател

– Кој и да победи, ќе му честитаме и ќе го поддржиме, а ние ќе продолжиме со работа – рече Таравари.