Петседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села во интервју за „360 Степени“ зборуваше за литијата која вчера се одржа во Струга во организација на МПЦ-ОА и за најавата на ИВЗ за отворање на џамиите од 12 мај.

„Мислам дека постапувањето на полицијата е скандалозно, таа го придружуваше вчерашниот настан што се однесуваше на литургијата по повод Свети Ѓорѓи. Државните институции никако не можат да се однесуваат согласно празничните правила на различните верски заедници. Државните институции треба да го почитуваат законот. Тоа што треба да се знае во оваа ситуација е дека пред законот сите треба да бидат еднакви без оглед дали станува збор за верска заедница или граѓани. Имено, во оваа вонредна ситуација која е прогласена поради пандемијата, поради опасноста кон животот на граѓаните, секој ваков собир и ваков обид за да се одржат вакви собири каде не се почитуваат препораките и ограничувањата кои се поставени од страна на Владата, Министерството за здравство, СЗО, е опасно затоа што го ризикуваат животот на граѓаните, на оние кои се присутни но и на оние кои не се присутни на тие собири каде има голем број луѓе. Затоа осудени се ваквите постапувања, ние од вчера сме реагирале во врска со настанот во Струга, отворањето на верските објекти, јас мислам дека првично треба да претходат препораките од страна на Владата. Првично треба да има препораки како треба да биде ова отворање на верските објекти, колку треба да стојат на далечина верниците било во цркви или џамии, јас сум го искажал мојот став дека паралелно со олеснувањето на мерките и падот на позитивните случаи со коронавирус, паралелно со ова треба да се олеснат и рестриктивните мерки. Ние како политички субјект сме за отворање на црквите и џамиите, но претходно треба да се изготвуваат препораките од страна на Владата, во каква форма и кои ќе бидат правилата што треба да се почитуваат од верниците било по џамии или цркви“, вели Села.