Четиричлено семејство од Македонија е повредено и пренесено во болница кога автомобилот со кој патувало излетал од патот.

Според грчката полиција, возилото утрово влегло во Грција од граничниот премин Евзони и се превртело на патот кон Солун.

Противпожарната единица го извлекла 50-годишниот маж, кој заедно со остатокот од семејството, 48-годишна жена и нивните деца на возраст од 11 и 15 години, со возила на Итната помош биле пренесени во болница, пишува грчкот весник „Катимерини“.