Крива Паланка традиционално се подготвува за богатата музичка програма кон крајот на август кога се слави Денот на Свети Јоаким Осоговски – закрилникот на градот, како и Денот на рударите.
Годинава, на радост на кривопаланчани, доаѓа мега популарната хрватска пејачка и регионална ѕвезда Северина.
– Со задоволство го најавуваме концертот на една од најпопуларните регионални музички ѕвезди, кралица на сцената чиишто хитови се неодминлив дел од секоја забава, хрватската пејачка Северина – на голем празничен концерт во Крива Паланка!
Пејачката – миленик на публиката од сите генерации, со своите сценски настапи ги поместува границите и ги диктира трендовите, ќе ги разигра и разубави празнувањата во Крива Паланка.
Сочувајте го датумот – на 28 август – сите патишта водат во Крива Паланка – “Градот на културата” – велат од локалната самоуправа на Крива Паланка.