„Владата функционира непречено, согласно обврските и согласно она што претставува потреба на граѓаните“ истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во „Утрински брифинг“.

Таа додаде дека расправата за буџетот е во тек и дека е убедена оти пратениците ќе бидат свесни за значајноста на моментот.

„Буџетската расправа тече и јас сум убедена дека пратениците ќе бидат свесни за значајноста на моментот, за важноста на нашата евроинтеграција, за воспоставувањето на демократските процеси и за носење на буџетот како најважен документ кој што треба да ги генерира сите состојби во државата“ истакна Шахпаска.