Сите релевантни и компаративни податоци и бројки покажуваат дека загадувањето оваа зима е драстично намалено. Тоа е резултат на континуираните мерки кои ги спроведува Владата заедно со општините, а потекнуваат од грижата на СДСМ за заштита на здравјето на граѓаните. На гостувањето во Топ тема на телевизија Телма, пратеничката Јагода Шахпаска конкретизираше некои од новите мерки кои се преземаат, а со цел до крајот на оваа зима, но пред се и за следната сезона, да продолжи трендот на намалување на загадувањето.

„Ние инвестираме пари во мерките за почист воздух, а не како тоа што го правеше ВМРО ДПМНЕ 11 години, само декларативно. Не само што преземаме постојано и нови мерки, туку имаме јасен и конкретен план како да го надминеме загадувањето. Не можете ова да го направите преку ноќ, но ако имате јасна визија како нас, ако сте одговорна и загрижена партија, ако мислите на здравјето на луѓето, тогаш нема да изостане успехот. Ние сме тргнати по тој пат и за догледно време ќе го надминеме проблемот.

Гасификацијата е започната во седум градови, имаме гасифицирано училишта, институции… Почнуваме со купување на 33 еколошки автобуси, а ќе продолжи и субвенционирањето на клима уреди во износ од 10 милиони евра. ВМРО ДПМНЕ имаше 11 години и не презеде ни пола од овие мерки што ние ги презедовме за две години”- изјави Шахпаска.

Во емисијата се дебатираше и за Законот за управување со отпад кој е неопходно да се донесе со цел да се овозможат поголеми контроли и построго санкционирање на загадувачите.

„Не станува збор дека некој го одложува донесувањето на законот, туку ние како отворена партија, со слух на гласот на народот, и натаму сме во фаза кога примаме сугестии и анализи кои би помогнале да имаме што подобра содржина на законот. И натаму има отворени дебати во општеството на темата, а ние сакаме да оставиме простор секој чинител што може да придонесе кон полиста животна средина да го каже своето мислење”- анализира Шахпаска на Топ тема.

Во однос на увозот на цврст, индустриски, опасен отпад, Шахпаска презентираше бројки според кои од 2017-та година наваму количината драстично се намалила. За споредба, во 2016-та се увезле 118 илјади тони, додека во 2018-та само две илјади тони и тоа под строга контрола на надлежните институции.