Во врска со групата наши државјани, кои со конвој автобуси пристигнуваат од Италија на граничниот премин Деве Баир:
-Армиските капацитети на Криволак се подготвени да ги примат.
-Согласно заклучокот од денешната седница на Владата, Армијата ќе го огради периметарот на нашиот капацитет на Криволак со цел нивна заштита.
-Министерството за здравство ќе обезбеди лекарски тимови за овие лица.
-Министерството за одбрана заедно со Службата за општи и заеднички работи на Владата ќе обезбедат вода и храна. Во акцијата ќе се побара вклучување и на УНДП со цел нашите сограѓани да бидат обезбедени со вода и храна за време на целиот престој на Криволак.
-Министерството за одбрана, Министерството за труд и социјална политика и Службата за општи и заеднички работи ќе обезбедат мобилни тоалетни кабини, напиша на својот Фејсбук прифил министерката за одбрана Радмила Шекеринска.