15-18 милиони евра беше рекетот на Миле Јанакиевски и Никола Груевски само од провизија на еден автопат, му одговори вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на својот соговорник Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во „Само вистина“ на ТВ Канал 5, порачувајќи да играме со докази, а не, како што рече, со лаги.
Три години моравме да надокнадиме 11 изгубени години. По 15. јули храбро и решително ќе се посветиме на правниот систем кој 11 години беше урнисуван – потенцираше Шекеринска.
Шекеринска му постави прашање на Николоски дали донирал барем еден денар од својата плата за корона кризата, нагласувајќи дека оваа влада им помага на фирмите со поврат на ДДВ, со мерката 14.500 вработен …
Сакаат со исти пари, од исти простории со Груевски да ја бараат довербата од граѓаните…рече Шекеринска. Највидливата разлика е кога баравме да растат платите на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ беа против со аргумент дека тоа ќе е крах на економијата. Нивниот економскиот раст е да профитираат малкумина – една врхушка, а останатите да живеат со 8-9.000 денари, да ги плаќаат работниците со помалку од мизерно. Видовме дека можело поинаку! – потенцираше Шекеринска.