Радмила Шекеринска, министерка за одбрана, во денешното издание на “Само вистина” на Канал 5 телевизија, со став дека СДСМ за само три години покажа дека било возможно да расте и просечната и минималната плата, а и работните места да растат, иако праксата на ВМРО-ДПМНЕ додека беа на власт беше сосема спротивна.

“Едно нешто мислам дека е највидливата разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ после само 3 години, а тоа е додека бевме опозиција и кога баравме да почнат да растат платите во државата, ВМРО-ДПМНЕ имаше една иста политика, а тоа е дека не смеат платите да растат бидејќи економијата ќе крахира и сите инвеститори ќе си заминат. Тогаш ние 11 години го гледавме моделот на т.н. економски раст во којшто ќе профитираат малкумина, а сите ќе живеат од 8 до 9 илјади денари плата, тие коишто работат на минимална плата. Кога првпат рековме ќе расте минималната плата, ВМРО-ДПМНЕ и сите експерти дојдоа и рекоа готово е, распад, 60 000 луѓе ќе изгубат работа. Денес, можеме да кажеме дека во Македонија има 60 000 нови работни места, 60% повисока минимална плата и уште не е доволна и 4500 денари повисока просечна плата и економијата функционира. А, според Светска банка и најбро ќе се вратиме назад после кризата која ги погоди и сите други. Тој тип на економски раст којшто го промовираше ВМРО-ДПМНЕ во кој сè ќе се контролира во една врхушка во која сите фирми ќе добиваат назад пари и ќе зависат од државна помош ако ВМРО-ДПМНЕ се смилува, а притоа работниците ќе можат да ги плаќаат помалку од мизерно, замина. Овие 3 години покажаа дека можело и различно. Може да расте и просечна и минимална плата, а и работните места да растат” – истакна Шекеринска.