Радмила Шекеринска, министерка за одбрана, во денешното издание на “Само вистина” на Канал 5 телевизија, запрашана за коментар за одлуката на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 5 како носител да го предложи Игор Дурловски, кој воедно е и нејзин директен политички противник во таа изборна единица, Шекеринска со коментар:

“За разлика од едно време кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт и кога мислеше дека тие треба да одлучуваат и за тоа што се случува и во опозицијата и дека таму треба да ги влечат конците, ние тоа не го правиме. Ова е одлука на ВМРО-ДПМНЕ која зборува за тоа дека некои лекции од минатото не се научени, дека врската со насилството на 27 април, врската со лагите и дезинформациите и злобата која се создаде и која се фрли во народот, за жал не е минато. Жалам но тоа е така. Но, тоа не е одлука во која јас или СДСМ треба да се мешаме” – изјави Шекеринска.