Во однос на Устаното име на државата, Република Северна Македонија, министерката Шекеринска во вечерашното гостување во „Топ тема“ на ТВ Телма рече дека ова име за членовите од ВМРО-ДПМНЕ важи само кога треба да се земат пари од Собранието или државата, но за интеграцијата во ЕУ и НАТО не важи.
-ВМРО-ДПМНЕ се подготвува да биде опозиција. Се жалат на поткуп во случај кога имаат министер за внатрешни работи. Ова не е сериозна дискусија. Не е во ред да се тера кампања „никогаш северна“. Знаете за ВМРО-ДПМНЕ кога има Северна? Кога се бара нешто од Собранието, сите се потпишуваат на Република Северна Македонија, Мизрахи Ѓорчев, Мицкоски. Не може само да важи за личните барања, а за крупните одлуки односно интеграцијата на државата, да не важи, вели Шекеринска.
Потпретседателката на СДСМ вели дека веќе е очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за опозиција со оглед на предизборната кампања која веќе ја водат.
-ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за биде опозиција. Треба да се плашиме од кампања каде оваа партија секој ден ќе си обележува едно алиби за пораз, вели Шекеринска.