Град скопје од оваа година е тргнат од листата најзагадени градови во светот тврди градоначланикот. Мали но важни проекти придонеле метрополата да ја подобри животната средина, дел од таквите проекти е и кампањата за замена на биолошки отпад за органско ѓубре. Градот во соработка со министерствоо за земјоделство ја почнува кампањата за бесплатно собирање остатоци од берба со што ќе спречуваат палење на стрништа а годинава ќе го опфатат целиот скопски регион.
–Покрај бесплатното подигање на органскиот отпад, како дополнителна мотивација нудиме можност секој што ќе ја искористи оваа поволност, во сезоната на садење да добие околу 30 килограми органско ѓубриво на секои 100 килограми отпад, рече Шилегов.
Постојано сме на терен. Апелирам до земјоделците да дадат национален придонес и да не се уништуваат органските материи од кои произлегува хумусот. ПХ балансот на почвата се зголемува и исто така и содржините на хранливи материи.Ова време е периодот кога доаѓа горењето, но веруваме дека оваа програма ..
Пожарите кои пред три дена дивееја во Ракотинци и околината на Арачиниво биле резултат на запалени стрништа. Лани над 120 жители на Скопје побарале од градот бесплатно да го подигне отпадот а со тоа властите тврдат дека било спречено палење на околу 700 кубни метри органски отпад.