Во Скопје го вративме мирот, заедништвото и спокојот и Скопје конечно стана град за сите, кажа кандидатот за градоначалник од СДСМ, Петре Шилегов во гостувањето на Сител телевизија.

Тој додаде дека било вложувано во инфраструктура во сите делови од градот и сега е важно да се заштити централното јадро и да се создаде нова зона за развој во северниот дел.

-Скопје е жртва на ГУП од 2012 година, донесен од истите луѓе што сега стојат зад Арсовска и не смее новиот ГУП во 2022 година да го носат истите тие луѓе. Воедно, шиканирањето на луѓе, правењето списоци и заканите за затвор треба да останат зад нас. Во овие четири години немаме тепачки меѓу децата и во автобусите. Мирот и спокојот се вратени, кажа Шилегов, дополнувајќи дека Скопје не е вмровски град, туку град на сите граѓани.

Според него Скопје е град којшто не смее да престане да оди напред и, како што вели, тоа граѓаните и го препознаа во периодот меѓу двата круга. -Во недела очекувам обединување со граѓаните, заклучи Шилегов.