„Ние инвестираме во луѓето, затоа инвестираме во младите и нудиме помош на секој млад брачен пар за запишано дете во градинка, со 50 отсто од сумата ќе учествуваат институциите“ кажа кандидатот за градоначалник на град Скопје од СДСМ и коалицијата, Петре Шилегов на граѓанскот собир во Каропш.

„За младите семејства, младите луѓе да засноваат семејство тука и тука да останат. Бидејќи ние ја градиме иднината, а нашата визија е за Скопје да стане вистински модерен и европски град“ рече Шилегов.

Градоначалникот на Град Скопје додаде дека се кради коридорот од Аеродром, каде што мостот е веќе готов, до половина е завршен тунелот кај Лимак, а се гради и мостот во Карош 4 со што се решаваат долгогодишни сообраќајни проблеми во Скопје.

„Конечно после 40 години, распишан е тендер и за Бас рапид транзит. Ова е државен проект, помогнат од Владата. Она што 40 години нашите претходници и она што 27 години ВМРО-ДПМНЕ не успеа да го направи, ние за 2 и пол години го доведовме до реализација. Со тие два коридора и Бас рапид транзитот, Скопје ќе стане град со најголема пешачка зона во Европа во следните три години“ кажа Шилегов.