Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, во утринската емисија “Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија, запрашан да ја искоментира одлуката на Уставниот суд да не се намалат платите на функционерите и неговaта лична одлука да остане на минималец, со став:

“Јас нема да ја коментирам одлуката на Уставниот суд, меѓутоа не е правично. За мене како човек тоа е неприфатливо. Зборуваме дека именуваните функционери, судиите, обвинителите коишто земаат плата токму од буџетот, а буџетот го полнат обичните граѓани, едноставно два месеца требаше да земаат минимална плата. Не мислам дека е во ред да создадеме две категории на граѓани, едни коишто ја осеќаат кризата и економски и здравствено и едни да се однесуваат дека им е сеедно. Не смееме да  заборавиме во какво време живееме и ова е правото време солидарноста да излезе на прва позиција наспроти себичноста. Јас ја толкувам како себична одлука. Рака рака мие. Ако си ги пружиме рацете едни кон други ќе останеме и чисти во душите и чисти во односот кон јавноста. Мене тоа ми беше императив. Ги повикувам луѓето да бидеме солидарни, ова е време на солидарност” – изјави Шилегов.