Доцна вечерва, по силниот ветер во Скопје, со своја реакција и апел се јави градоначалникот Петре Шилегов.
“Се очекува дека силниот ветер кој што дува во градот, на моменти ќе достигне и удари над 70км на час.
Екипите се веќе излезени на терен и започнавме со отстранување на одлетаните кровови и паднатите дрва.
Ве замолувам, секој поединечно, да внимава пред се’ за својата лична безбедност, но и безбедноста на другите луѓе и имоти.
Состојбата се прати и се превземаат мерки.” – потенцира Шилегов.