Една од најтешките битки е битката со патријархатот, затоа што тоа не е нешто што ќе се искорени еднаш и го немаме, туку постојано се појавува во различни облици така да таа битка е постојана. Јас сметам дека последните чекори покажуваат зголемена свесност дека жените подеднакво можат и умеат но и ете како знаат поодговорно да менаџираат со ресурси, со институциии, партии, и останато, изјави Санела Шкријељ, заменик министерката за труд и социјална политика во дебатната емисија 24 Анализа на прашањето на новинарот дали мажите во партиите сфаќаат дека жените не самошто можат туку и мора да помогнат или едноставно го сфаќаат како квота како нужно зло коешто сега мора да го менаџираме и да бидат на листите.
„Значи ако следиме она што се случува во последниов период со новите именувања на жени на позиции дури и сега во техничката влада можеме да видиме дека има еден зголемен тренд на поставување на жени на многу одговорни позиции. Бројката е сеуште мала во однос на извршните министерски позиции меѓутоа ние во моментот имаме 6 жени на министерски позиции што никогаш претходно сме ја имале таа бројка“, посочи Шкријељ..
„Така да верувам дека навистина расте свесноста и доколку сакаме да имаме развој на општеството значи мора да покажеме инклузивност и мора да покажеме дека го користиме секој потенцијален ресурс којшто го имаме во државата, а жените се половина од популацијата во нашата држава и ние неможеме да зборуваме за развој и прогрес ако не искористиме од потенцијалот од половина од нашето население. Така да верувам дека овој тренд расне но јас сметам исто така дека квоти сеуште се нопходни за нашето општество. Ние не сме го измислиле овој систем и многу поразвиени демократи го имале, значи ова се неопходни практики на поддршка на помалку застапениот пол се додека не се дојде до некое ниво на воедначеност. Јас сум застапник во наш контекст за квоти затоа што таму кадешто немаме квоти, кадешто се извршните функции гледаме колкав е родовиот јаз и токму затоа сметам и се застапуваме дека треба да има квоти на извршните функции“, заклучи Шкријељ.